Nokia X3 02 - Поврзување звучници на Вашиот уред

background image

Поврзување звучници на Вашиот уред

Слушајте музика на Вашиот уред преку компатибилни звучници (достапни

посебно).
Вашата музичка библиотека направете ја пренослива и слушајте ги омилените

песни без кабли. Со Bluetooth безжичната технологија, можете да пренесете музика

од уредот каде што е зачувана до уредот каде што се репродуцира.
Не поврзувајте производи кои што произведуваат повратен сигнал бидејќи тоа

може да го оштети уредот. Не поврзувајте никаков извор на напон во Nokia AV

конекторот. Ако во Nokia AV конекторот поврзувате надворешен уред или

слушалки, различни од оние што се одобрени од Nokia за користење со овој уред,

обрнете посебно внимание на нивото на јачината на звук.
Поврзување звучници со кабел

Поврзете звучници со 3,5 mm AV конектор на Вашиот уред.

Поврзување Bluetooth звучници

1 Одберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Конективност

>

Bluetooth

и

Вклучи

.

2 Вклучете ги звучниците.

3 За да го спарите Вашиот уред со звучниците, одберете

Повр. се со аудио до.

.

4 Одберете ги звучниците.

5 Можеби ќе треба да внесете код за пристап. За детали, видете го упатството за

корисникот на звучниците.

50 Музика и аудио