Nokia X3 02 - Поврзување сет за во автомобил користејќи режим на далечински SIM

background image

Поврзување сет за во автомобил користејќи режим на далечински SIM

Со режимот на далечински SIM, некој компатибилен сет за во автомобил може да

ја користи SIM картичката на Вашиот уред.
Одберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Конективност

>

Bluetooth

.

Пред да можете да го активирате режимот на далечински SIM, потребно е прво да

го спарите уредот со сетот за во автомобил.
1 За да активирате Bluetooth на Вашиот уред, одберете

Bluetooth

>

Вклучи

.

2 Активирајте Bluetooth во сетот за во автомобил.

3 Следете ги упатствата на екранот на Вашиот уред.
Во режим на далечински SIM, само сетот за во автомобил е поврзан на мобилната

мрежа.
За да упатувате или примате повици кога уредот е во далечинскиот SIM режим,

мора да имате компатибилен додаток, како што е сет за во автомобил.
Вашиот уред ќе дозволи повици за итни случаи само во тој режим.
Режимот на далечински SIM е автоматски деактивиран кога сетот за во автомобил

е исклучен, на пример, кога моторот на автомобилот е исклучен.
Рачно деактивирање на режимот на далечински SIM

1 Одберете

Спарени уреди

.

2 Одберете го сетот за во автомобил и од менито што се појавува, одберете

Избриш. спарув.

.