Nokia X3 02 - Грижа за Вашиот уред

background image

Грижа за Вашиот уред
Внимателно ракувајте со Вашиот уред, батерија, полнач и додатоци. Следниве предлози Ви помагаат да ја заштитите

важечката гаранција.

Чувајте го уредот сув. Талогот, влажноста и сите типови на течности и влага може да содржат минерали што

предизвикуваат корозија на електронските кола. Ако Вашиот уред се навлажни, отстранете ја батеријата и

оставете уредот да се исуши.

Не чувајте го уредот на студени температури.

Не обидувајте се да го отворите уредот на друг начин освен како што е наведено во упатството за корисникот.

Неодобрените модификации може да го оштетат уредот и да ги прекршат правилата кои важат за радио уреди.

Не испуштајте го, не удирајте и не тресете го уредот.

Користете само некое нежно, чисто, суво платно за да ја исчистите површината на уредот.

За оптимални перформанси, исклучете го уредот одвреме-навреме и отстранете ја батеријата.

Држете го Вашиот уред настрана од магнети или магнетни полиња.

За да ја сочувате безбедноста на Вашите важни податоци, чувајте ги на најмалку две засебни места, како што се

Вашиот уред, мемориска картичка или компјутер, или запишете ги важните информации.

За време на продолжена работа, уредот може да се загрее. Во повеќето случаи, оваа состојба е нормална. Ако се

сомневате дека уредот не работи правилно, однесете го до најблискиот овластен сервис.