Вметнување на SIM картичката и батеријата
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како
микро-SIM картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има
мини-UICC исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на микро-SIM
картички и употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
Овој уред е наменет за употреба со BL-4S батерија. Секогаш употребувајте
оригинални Nokia батерии.
SIM картичката и нејзините контакти лесно можат да бидат оштетени со гребење
или виткање, па бидете внимателни при ракувањето, вметнувањето или
отстранувањето на картичката.
1 Притиснете го копчето за ослободување и отстранете го капакот. Ако
батеријата е вметната, извадете ја.
2 Вметнете SIM картичка. Проверете дали областите за контакт на картичката се
свртени надолу.
За почеток
7
3 Подредете ги контактите на батеријата и на одделот за батеријата и вметнете
ја батеријата. За да го замените задниот капак, насочете го горниот дел за
заклучување кон неговото место, и притиснете се додека поклопецот не се
заклучи на своето место.