Дејства на екранот на допир
За интеракција со поврзувањето на коритсникот на екранот на допир, тапкајте или
тапкајте и задржете го екранот на допир.
Отворање на апликација или други елементи на екранот
Тапкајте на апликацијата или елементот.
Пристап до опциите специфични за некој објект
Тапкајте и задржете го објектот. Се отвора мени што се појавува со достапни опции.
Движење по листа или мени
Поставете го прстот на екранот, придвижете го брзо нагоре или надолу по екранот,
а потоа тргнете го прстот. Содржината на екранот се движи со брзината и насоката
којашто ја имала во моментот на ослободување. За да одберете објект од листата
за движење и за да го сопрете движењето, тапнете на објектот.
Вклучување 13
Удирање
Ставете го прстот на екранот и полека движете го во посакуваната насока.
На пример, кога гледате слика, за да ја видите следната слика, удрете на лево. За
брзо пребарување по Вашите слики, удрете го брзо екранот и потоа движете се
лево или десно низ сликичките.